Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕДО ЈОВАНОВИЌ ПАК ВО ПРОБЛЕМИ: Група млади го навредувале и му го искршиле автомобилот

ЧЕДО ЈОВАНОВИЌ ПАК ВО ПРОБЛЕМИ: Група млади го навредувале и му го искршиле автомобилот

Либерално-демократската партија на Србија соопшти дека синоќа на аеродромот „Никола Тесла“ се случил инцидент кога непознати лица го искршиле автомобилот на претседателот на партијата Чедомир Јовановиќ. Настанот се случил пред влезот во аеродромската зграда, а на Јовановиќ му биле упатени и навреди.

Како што дознава „Блиц“, лидерот на ЛДП ја паркирал колата пред аеродромот, отишол да го чека синот кој се враќал од Велика Британија поради семејна прослава. 

Извор на медиумот кој е запознаен со настанот понатаму наведува дека група непознати млади момчиња му се нафрлиле и го навредувале Јовановиќ со зборовите: „Ја продадовте Србија“ додека тој се приближувал кон автомобилот.

Дури потоа Јовановиќ видел дека се извадени регистарските таблички на автомобилот, и дека бришачите се искршени, а вратата треснта.

Две полициски екипи направиле истрага, а целиот тој дел на аеродромот е под камери па се претпоставува дека напаѓачите ќе бидат откриени.


Слично

Поврзани вести