Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чавушоглу: Турците се трауматизирани, a Европејците ја понижуваат Турција

Чавушоглу: Турците се трауматизирани, a Европејците ја понижуваат Турција

Шефот на дипломатијата во Турција, Мевлут Чавушоглу ја обвини Европската унија дека ја понижува Турција.

Тој повторно го услови исполнувањето на договорот меѓу Турција и ЕУ за миграција со визната либерализација за турските државјани.

Во интервју за германскиот весник „Билд“, што  беше објавено денеска вели дека Турците се трауматизирани по обидот за преврат од 15 јули, а Европејците ја понижуваат Турција, наместо да и помогнат.

Министерот жали за замрзнувањето на преговорите за пристапувањето на Турција кон ЕУ и укинувањето на визите за турските државјани.

„Се прашувам каков престап сме направиле? Зошто е ова непријателство? Јасно е, или ќе ги спроведуваме задно сите договори, или ќе се откажеме од нив“- изјави Чавушоглу.

Смета дека Анкара вложила напори, како што многу малку од останатите земји ги вложиле за да ги исполнат условите за влез во ЕУ, но повратно добива само закани, навреди и блокада.

Договорот меѓу ЕУ и Турција се повеќе се доведува во прашање, а дел од членките на заедницата се залагаат тој да биде прекинат.

По обидот за преврат во Турција на 15 јули имаше масовни апсења, па дури и во земјата се споменуваше враќање на смртната казна со што лидерите од ЕУ укажаа дека Турција се оддалечува од Европа.

Слично

Поврзани вести