Чавушоглу до Грците: Немојте да бидете туѓа алатка
Шефот на турската дипломатија, Мевљут Чавушоглу изјави дека Грција продолжува со провокации и ако се впушти во авантура во име на други, ќе ги сноси последиците.
Toj вели дека треба да се избегнува неодговорно однесување.
„Немојте да бидете туѓа алатка“, рече тој.
Потсети дека пријателството на Турција е вечно, а непријателството е опасно.
Грчката крајбрежна стража во саботата пукала кон турски брод.
Анкара тврди дека бродот бил под „малтретирачки оган“, а Атина вели дека се испукани само „предупредувачки истрели“.Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис претходно рече дека не може да замисли дека тензиите со соседниот сојузник во НАТО, Турција, некогаш би можеле да ескалираат во вооружен конфликт.
Слично
