Чавков во Куманово: Полицијата е ефикасна ако граѓаните соработуваат со неа
Денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков беше во посета на Куманово за да ја согледа безбедносната состојба во овој град.
Оттаму тој ја потенцираше поврзаноста на граѓаните и МВР.
Министерот ја истакна свесноста процесот на градење доверба во работата на полицијата, истакнувајќи дека истиот не смее да се анализира независно од процесот на јакнење на степенот на професионализам во полициското работење и зголемуавње на квалитетот на услугите што полицијата им ги дава на граѓаните, односно на заедницата.
“Полицијата и граѓаните не се два спротивставени концепти. Напротив, грижата за човекот, за граѓанинот за МВР е на прво место. Тоа впрочем го потврдуваме и со нашето постојано присуство и интерес за безбедносната состојба на подрачјето на општина Куманово“, истакна Чавков.
Потсети на немилиот настан кој пред месец и пол го потресе Куманово и регионот и рече дека МВР како институција покажала зрелост и подготвеност за реагирање во вакви случаи.
Чавков ја нагласи потребата од комуникација и систем на доверба кој ќе значи отворена дискусија, препознавање на ризиците но и заедничко дејствување за решавање на проблемите заедно со граѓаните, и рече дека ефикасноста на полицијата секаде во светот е зависна од подготвеноста на луѓето да соработуваат со неа.
