Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧАВКОВ И НАУМОВ СЕ ПРЕПУКУВААТ ЗА ПЛАТИТЕ ВО МВР: Кој ја кажува вистината?

ЧАВКОВ И НАУМОВ СЕ ПРЕПУКУВААТ ЗА ПЛАТИТЕ ВО МВР: Кој ја кажува вистината?

Низа препукувања се јавија кај двајцата дополнителни заменици министри.

Кире Наумов кој е дополнителен заменик министер за финансии го демантираше дополнителниот заменик министер за внатрешни работи дека манипулира со вработените во МВР.

Имено, Наумов тврди дека во Буџетот за 2016 година нема предвидено зголемување на платите на вработените во тој сектор и го обвини Чавков дека не го исполнил она што го потпишал.

Вчера Чавков изјави дека од април повисоки плати за 5 % ќе земаат вработените во Министерството за внатрешни работи.

Меѓутоа Наумов објаснува дека во Буџетот на РМ за 2016 година не се предвидени средства за зголемување на ставката исплата на плати и надоместоци а ниту пак Чавков ниту Груевски не обезбедиле средства ниту побарале од Собранието да се издвојат средства за оваа намена.

На овие негодувања реагираше дополнителниот заменик на МВР кој вели дека вработените во МВР во мај ќе ги добијат априлските плати со ветеното покачување од 5% и тоа е единствената вистина.

Се друго што говори Кире Наумов се краткотрајни лаги и манипулации кои ја покажуваат деструктивната политика на СДСМ и неможноста партијата да се помири и да поздрави макар една работа која што е од полза на граѓаните.  Во конкретниов случај покачувањето на платите на вработените во МВР е во полза на сите во министерството и на нивните семејства. Сите тие знаат дека Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ си стои на ветувањата и работи во нивен интерес, вели Чавков.

На ова пак со контра реакција се јави повторно дополнителниот заменик министер Кире Наумов кој приложи и документи со кои вели дека и самиот министер за финансии Зоран Ставрески го демантирал Чавков.

mislenje stavre za plati

„За тоа кој говори лаги и манипулира одговорот е во мислењето на Министерството за финансии, потпишано лично од министерот Ставрески. По однос на барањето поднесено од страна на Министерството за внатрешни работи на 24.02.2016 година, во период кога министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски и во кое се бара зголемување на средства во ставката ИСПЛАТА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ, министерот Ставрески наведува дека во буџетот за 2016, раздел 06001-Министерство за внатрешни работи има недостаток на средства за исплата на плати на вработените во Министерството.

Министерот Ставрески лично ги демантира манипулациите на Митко Чавков“, реагира Наумов.

Вработените во Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите, но единствено по заслуга на кадрите на СДСМ во Владата на РМ, вели Наумов тој на крајот на реакцијата.

Слично

Поврзани вести