Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чавков и амбасадорот Бејли во посета на кумановска Дива населба

Чавков и амбасадорот Бејли во посета на кумановска Дива населба

На местото каде пред три недели терористичка група беше разбиена од полициските сили во кумановкста Дива населба, денеска се упатија новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли .

Двајцата претходно остварија средби со кумановскиот градоначалник во Куманово.

Ова е прва посета на Чавков како  министер за внатрешни работи на  СВР Куманово и во врска со случајот и настаните од Куманово рече дека се информирал кај неговите колеги.

- Морам да подвлечам дека значително се менува перцепцијата на граѓаните во однос на работењето на полицијата, а за тоа сведочат истражувањата кои се независни и ги спроведува ОБСЕ на секои две години. Се повеќе се подобрува односот и задоволството на граѓаните од работата на полицијата, но во истовреме сум и критичен и самокритичен, затоа што никогаш не треба да се задоволиме со една статус кво ситација. Мора да ги најдеме и слабостите пред, за време и после настаните во Куманово, истакна Чавков.

Тој истакна дека сега  Куманово е сигурно и оти настанот на 9 и 10 мај бил изолиран настан од страна на, како што рече, поедници и криминални групи кои не наидоа на подршка од локалната заедница.

- Јас ви гарантирам како министер за внатрешни работи дека полицијата многу интензивно, многу проактивно ќе работи на благовремено индентификување на евентуални закани и реагирање на таквите закани, истакна Чавков.

Амбасадорот Бејли денес во Куманово истакна дека ја поддржува полицијат аграѓаните и на градоначалникот по настанот од 9 и 10 мај.

- Дојдов за настанот во Лопате, но не можев да го одминам Куманово и да им дадам поддршка на полицијата, граѓаните и градоначалникот кои пред две недели прежививеаја значајна драма, но и за заложбата и животите кои ги дадоа храбрите полицајци. Најзначјано е тоа што покрај тоа низ што минаа, граѓаните останаа и се држеа заедно и ја отфрлија идејата дека ова е етнички конфликт и дека насилството е прифатливо за нив. Мислам дека тоа е многу значајна порака. Тука сум да ја да ја изразам мојата загриженост во име на пријателството на САД и да поразговарам со локалните водачи со цел да се зачува атмосферата во населбата која владеела и порано, изјави американскиот амбасадор Бејли.

Дамјановски пак истакна дека министерот за внатрешни работи Чавков најавил соработка и посета на општина Куманово.

Да се потсетиме...

Во полициската акција во кумановската населба Тоде Мендол на 9 и 10 мај загинаа 8 полицајци, а беа повредени 37. Во акцијата загинаа и десет припадници на криминално - терористичката група која беше запоседната во оваа кумановска населба.

Слично

Поврзани вести