Чавков бара ЕУ да ги дислоцира мигрантите од пред македонската граница
Заменик министерот за внатрешни, Митко Чавков денеска побара од ЕУ дислокација на мигрантите од пред македонската граница.
Вели дека загрозувачкиот потенцијал и понатаму е евидентен, а состојбата е мирна, но напната. Од грчка страна и денеска дел од мигрантите се приближувале до жичената ограда, заради што дополнително е зголемено присуството на македонските безбедносни сили долж граничната линија.
„ЕУ ке мора да размислува за дислокација на кампот пред македонска граница“ - рече Чавков.
Тој утрово ги посети полицајците на критичните точки каде вчера имаше нереди со бегалците. Околу 3000 мигранти вчера од Идомени се обидоа насилно да влезат на македонска територија и ги нападнаа македонските полицајци и припадници на АРМ. Во текот на вчерашниот ден 23 полицајци се повредени, а уништени се и повеке возила на војската и полицијата. Македонските безбедноси сили со солзавец и шок бомби ги растеруваа мигрантите.
