Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧАУШ НА СУД: Ме тераа да кажам дека уесбето ми го дале Заев и Верушевски

ЧАУШ НА СУД: Ме тераа да кажам дека уесбето ми го дале Заев и Верушевски

Во Кривичниот суд денеска започна  судењето на Захир Беќири – Чауш, главен осомничен во случајот „Фабрика за афери“ или аферата со печатење лажни лични карти, патни исправи и други документи.

Пред почетокот на судскиот процес за Захир Бекири-Чауш, неговиот адвокат Мирослав Вујиќ тврди дека тој не ги видел доказите кои ги има Обвинителството.

Тој бараше  одлагање на процесот, тврдејќи и дека неговиот клиент бил држен во Основното јавно обвинителство, каде му било вршено притисок, трпел закани и добивал непринципиелни предлози.

„Ме тераа во Обвинителство да кажам дека уесбето ми го дале Зоран Заев и Зоран Верушевски. Истотака, ми се заканија дека ќе ми го уапсат целото мое семејство“ изјави Чауш.

Инаку, Чауш во моментов издржува казна затвор во Идризово за друго кривично дело.

Слично

Поврзани вести