Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чауш бара да се смени судијата и обвинителот

Чауш бара да се смени судијата и обвинителот

Захир Бекири Чауш, обвинет во случајот „Фабрика на афери“  бара нов судија и нов обвинител.

Тој ја обвини обвинителката  дека зема наредби за апсење и претреси во пет часот изутрината, а за судијката тврди дека му врши верска дискриминација.

Судскиот процес денеска беше прекинат бидејќи шефовите на судијата и обвинителката ќе треба да одлучуваат за побараното изземање.

Чауш  објаснуваше дека без интернет вклучен на компјутерот не можело да се прават лажни лични карти.

Началници и инспектори од секторот за компјутерски криминал потврдија дека фалсификуваните лични карти кои новинарот Љубиша Арсиќ ги предаде во полиција се идентични со обрасците најдени во компјутерите на Чауш.

Одбраната побара нови вештачења за да се утврди кога податоците за личните карти биле вметнати во компјутерот. Судскиот процес продолжува наредната недела.

Слично

Поврзани вести