Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ChatGPT во иднина би се наплаќал како струјата и водата“ – Изјава на директорот на OpenAI

„ChatGPT во иднина би се наплаќал како струјата и водата“ – Изјава на директорот на OpenAI

„Гледаме иднина во која интелигенцијата е комунална услуга како струјата или водата, и луѓето ја купуваат од нас според потрошувачката и ја користат за што сакаат“ – вели Сем Алтман.

Во последниве неколку години ChatGPT станува неопходна алатка без која не можеме да си го замислиме секојдневниот живот. Вештачката Интелигенција ја користиме за сè и сешто – а се очекува дека во иднина таа ќе ни наметне уште една задолжителна месечна сметка.

Светските медиуми деновиве ја пренесуваат изјавата на извршниот директор на OpenAI Сем Алтман, кој на самитот за инфраструктура организиран од BlackRock во Вашингтон нагласи дека во моментов технолошките компании работат кон иднина во која интелигенцијата нема да биде слободна за користење како сега, туку ќе се испорачува „на барање“.

Со оглед на тоа што во денешно време сè повеќе сме зависни од Вештачката Интелигенција, јасно е дека во иднина тоа ќе ни носи уште една неопходна месечна сметка што ќе треба да ја подмируваме.

„Гледаме иднина во која интелигенцијата е комунална услуга“, рече извршниот директор на OpenAI.

Според него, во иднина сметката би изгледала како продавање на токени.

„Гледаме иднина во која интелигенцијата е комунална услуга како струјата или водата, и луѓето ја купуваат од нас според потрошувачката и ја користат за што сакаат“ – додаде тој.

Целосната сторија во продолжение на Машки Магазин.

Слично

Поврзани вести