Чартер летовите од Србија кон грчките острови тргнуваат на 1.јули, српски туристи ќе летаат и кон Шпанија, Турција и Египет
Директорот на
Националната асоцијација на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ
информиора дека првите чартер летови со српски туристи кон грчките остови ќе
полетаат веднаш на почетокот на јули.
-На 1. јули е закажан лет до Скијатос, потоа на 4. јули за Крф, а потоа и за Родос и за Крит. Ќе се лета и до Турција, на 3.јули, а српските туристи кон Шпанија ќе поклетаат на 15.јули. Чартер лет е планиран и за Египет на 19.јули, изјави Сеничиќ.
Тој вели и дека ќе биде олеснето патувањето со кола до Грција, бидејќи Србија очекува македонско-грчката граница, односно преминот Евзони да биде отворен на 1.јули.
Инаку, во овој период Србите одат на одмор во Грција преку Бугарија, а за влез чекаат од 30 минути до половина час.
