Чамците мора да се легализираат
На трети септември истекува рокот до кој сопствениците на сите пловни објекти ќе мора да ги легализираат, согласно усвоените измени во Законот за внатрешна пловидба.
Според проценките на Министерството за транспорт и врски, во земјава има околу 200 вакви нелегализирани чамци и кајчиња кои се користат во водите на езерата.
„Со овие измени се овозможува легализација на чамците кои се користат за пловење во Македонија, а за кои нивните корисници немаат доказ за сопственост. За регистрирање на пловните објекти претходно мораше задолжително да се поднесе доказ за сопственост како што е фактура за плаќање на чамецот, договор за купопродажба или потврда за платена царинска такса“, појаснува министерот Миле Јанакиески.
Сега, за легализација на чамците нема да бидат потребни сите овие документи. Предлогот треба да содржи марка, тип и број на мотор и година на чамецот, објаснување зошто досега не е легализиран, како и изјава заверена на нотар од самиот подносител дека тој под целосна одговорност изјавува дека совесно го владее чамецот и за истиот не се води друга постапка во надлежниот суд.
„Причина за тоа е непоседување на доказ за сопственост, некои од нив се стари повеќе од 30 години, станува збор за постари објекти кои долго време се користат но не се регистрирани. Со овие законски мерки конечно ќе се овозможи нивно регистрирање што ќе придонесе кон дополнително зголемување на безбедноста на внатрешниот сообраќај“, смета Јанакиески.
Причина за тоа е непоседување на доказ за сопственост, некои од нив се стари повеќе од 30 години, станува збор за постари објекти кои долго време се користат но не се регистрирани. Со овие законски мерки конечно ќе се овозможи нивно регистрирање што ќе придонесе кон дополнително зголемување на безбедноста на внатрешниот сообраќај
Слично
