Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чаир, Сарај и Тетово растат, Битола и Делчево се смалуваат

Чаир, Сарај и Тетово растат, Битола и Делчево се смалуваат
Најголем природен прираст на населението во вториот квартал од годинава има во Чаир, Сарај и Тетово, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според нив, прирастот на населението во Чаир изнесува 133,  во Сарај е 123 и во Тетово е 121. Наспроти ова, во Битола, Делчево и Ресен за истиот период е регистриран негативен прираст – 53, - 31 и - 27. Во Битола во второто тромесечје се родиле 235 бебиња, а умреле 288 лица. Во Делчево регистрирани се 27 новороденчиња, а 58 лица умреле. И во Ресен на 37 родени бебиња, регистрирани биле 64 смртни случаи. Вкупно годинава, во споредба со истиот период од лани, бројот на новороденчињата е зголемен за 4 отсто и изнесува 5.809. На национално ниво, природниот прираст во вториот квартал од годинава е 1.039 лица, односно за толку бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените. Бројот на браковите склучени во ова тримесечје бележи намалување за 0,1 отсто во споредба со истиот период во 2013-та, а опаѓа и бројот на разводи за 2%.
Слично

Поврзани вести