ЧАИР И БУТЕЛ ОСТАНУВААТ БЕЗ ПАРНО: Скопје Север ја прекина испораката, ЕСМ „одговорноста е исклучиво на Скопје Север“
Топланата Скопје
Север денеска ја прекина испораката на топлинска енергија по што Чаир, Бутел и
Топанско поле остануваат без греење. Оттаму велат дека компанијата нема пари за
гас, а досега не добиле ниту помош од државата.
-И покрај преговорите од страна на овластените лица на топланата, од АД Електрани во државна сопстевност сè уште не се обезбедени финансии, и во прашање е доведена рабоатата, односно испораката на топлинска енергија од топланата Скопје – Север. Од тие причини, односно без обезбедена финансиска помош од недлажените органи и институции за набавка на гас, друштвото Скопје Север, сметано од 13. ноември ќе прекине со испораката на топлинска енергија до корисниците на подрачјето на Општина Чаир и Бутел, се наведува во информацијата на компанијата Скопје Сеевер.
Истовремено, детално појаснување стигна од АД ЕСМ од каде велат дека немаат правен основ да му даваат директни субвенции на АД Скопје Север, но можат да помогнат само преку договор за деловно техничка соработка кој приватниот субјект одбива да го потпише.
Во дописот испратен до медиумите наведуваат:
Владата на Република Северна Македонија на одржаната 94-та седница донесе Заклучоци со кои го задолжи АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост Скопје да склучи Договор за деловно техничка соработка за грејна сезона 2022/2023 година , со иста содржина како и договорот склучен за 2021/22 година, со кој ќе се регулираат сите права и обврски на Друштвото Скопје Север АД Скопје.
Со Договорот се предвидува АД ЕСМ да му помогне на приватниот субјект АД Скопје Север со средства од државниот буџет во набавката на гас за потребите на испорачување греење кон дел од корисниците на градот Скопје.
Средствата треба да бидат обезбедени со гаранција од страна на АД Скопје Север.
После потпишување на договорот и после правењето на пресметки за цената за топлинската енергија кои треба да се достават во Влада и да се побараат субвенциите за грејната сезона 2022/23, АД Скопје Север ќе ги добие субвенциите, исто како и топланите Исток, Запад и Енергетика.
Од примените субвенции и од остварената наплата од потрошувачите, АД Скопје Север ќе треба да ги врати средствата кон АД ЕСМ, примени како помош со Договорот.
АД Скопје Север одби да го потпише Договорот, затоа што овој субјект бара неповратни средства, односно смета дека треба да му се исплати финансиска помош која не треба да ја врати, иако АД ЕСМ истите средства ги должи кон државниот буџет. Скопје Север побарува субвенционирање директно од АД ЕСМ, кое нашата компанија ниту има правен основ, ниту смее да го прави, односно смее да постапува исклучиво по задолжението од Владата и во рамките на одобрениот Договор од страна на Владата.
Доколку АД Скопје Север не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваа топлинска енергија за над 58 илјади потрошувачи, одговорноста за прекин на греењето на 500 потрошувачи кои ги снабдува во општините Чаир и Бутел паѓа исклучиво на АД Скопје Север.
