Економија, финансии, бизнис

Контакт

Централниот регистар со продолжено работно време во четврток

Централниот регистар со продолжено работно време во четврток

Од Централниот регистар ги известуваат самостојните вршители на дејност дека рокот за поднесување на годишните сметки во хартиена и електронска форма е до 15.03.2018 година.

Воедно, ги потсетуваат сите субјекти кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва, дека рокот за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма до Централниот регистар е до 15.03.2018 година.

Централниот регистар за приемот на годишните сметки во хартиена форма, за самостојните вршители на дејност, на 15.03.2018 година ќе работи од 07:00 до 21:00 часот, додека во РК Македонски Брод, РК Виница, РК Берово и РК Делчево работното време ќе биде од 08.00-16.00 часот. Во градовите каде што Централниот Регистар нема канцеларии, приемот на годишните сметки ќе биде од 08:00 до 16:00 часот со следниот распоред:

- Во Кратово приемот ќе се врши во просториите на Општина Кратово.

- Во Крушево приемот ќе се врши во просториите на УНИ банка.

- Во Демир Хисар приемот ќе се врши во Општина Демир Хисар.

Слично

Поврзани вести