Економија, финансии, бизнис

Контакт

Централниот регистар ќе плаќа хонорарци преку агенција за чиј договор, ДКСК бараше кривично гонење за Рашковски и Зекири

Централниот регистар ќе плаќа хонорарци преку агенција за чиј договор, ДКСК бараше кривично гонење за Рашковски и Зекири

Централниот регистар потпиша договор вреден над милион денари за привремено вработување на лица. Како најнизок понудувач се јавила „Артпцик“, агенцијата која ја во времето на владата на поранешниот премиер Зоран Заев носеше хонорарци за потребите на Владата, а за што подоцна антикорупционерите побараа кривично да се гонат поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири.

Но, за разлика од договорот со тогашната влада, кога се наплаќаше по 0,01% за услуга од вредноста на секој поединечен договор, сега агенцијата ќе наплаќа по 0,66% од бруто-износот на секоја извршена услуга.

Договорот ќе трае 12 месеци, со можност истиот да биде завршен доколку парите се истрошат пред рокот.

Претходниот состав на Антикорупциската комисија во 2022 година побара кривично гонење. Тогаш од таму посочија дека генералниот секретаријат пред склучување на договорот писмено се обраќал до авторската Агенција од која барал склучување авторски договор со конкретни лица, чии лични податоци се содржани во барањето, во кое се наведени задачите што лицето ќе ги извршува, месечниот надоместок, периодот на ангажманот… Во периодот од 2017 до 2021 година од Генералниот секретаријат до Агенција за интелектуална сопственост „Артпицк“, според ДКДК, биле испратени повеќе од 170 барања за изработка и склучување авторски договори со конкретни лица.

Врз основа на расположливите податоци, антикорупционерите појаснија дека имале сознанија дека во периодот од 2017 година до 2021 година врз основа на овие авторски договори од страна на Генералниот секретаријат биле исплатени најмалку 153 милиони 244 илјади 219 денари.

Александар Тодески

Слично

Поврзани вести