Централниот одбор на СДСМ одлучи: Не отстапуваме од своите барања!
На синоќешниот Централен одбор на Социјалдемократскиот сојуз партијата и нејзините членови едногласно ја усвоија Стратегијата за идно делување на СДСМ.
Имено, Централниот одбор едногласно одлучи да ги исклучи од членство Солза Грчева и Љубица Буралиева поради непочитување на одлуките на највисоките органи и тела на партијата, информираат од СДСМ.
Во сите дискусии во текот на вечерашната дебата на Централниот одбор беше потврдена цврстата решеност за спроведување на ставовите донесени на Конгресот на СДСМ.
Слично
