Централната банка на БиХ продаде повеќе од еден тон резерви во злато поради доларот
Klix.ba дознава дека Централната банка на Босна и Херцеговина неодамна продала 40.000 унци злато (32.000 унци е еден тон), што е повеќе од еден тон злато во девизните резерви. Според сегашната пазарна вредност, Централната банка би можела да добие 66,5 милиони долари за продажба на повеќе од еден тон злато.
Тоа е направено поради движењата на пазарот, односно падот на вредноста на златото и јакнењето на доларот. Но, се поставува прашањето за одговорноста, односно кој ја донел одлуката за тоа.
Веќе беше познато дека за осум месеци од годинава капиталот на Централната банка паднал за 262 милиони конвертибилни марки. Тоа претходно Централната банка го образложи со инфлацијата, односно со зголемувањето на каматната стапка на Европската централна банка, што доведе до пад на вредноста на државните хартии од вредност. И околу 70 отсто од девизните резерви на државата се инвестирани во хартии од вредност, кои се сметаат за безбеден облик на имот.
Колку е мудро да се продава злато како безбеден медиум за инвестирање е прашање за експертите. Јасно е дека финансискиот пазар бележи пад на вредноста на златото и пораст на вредноста на доларот, а можно е овој тренд да продолжи. Сепак, се поставува прашањето кој ја донел таа одлука. Од Централната банка за Klix.ba потврдија дека продале одредена количина злато.
„Коректно сте информирани дека ЦББХ продаде дел од златото што го имавме во портфолиото, тоа е направено согласно мандатот дефиниран со Законот и во најдобар интерес на ЦББХ врз основа на детални анализи и проекции. Во периодот од 2009 до 2022 година, ЦББХ презеде низа трансакции купопродажба на злато, како и трансакции на купопродажба на хартии од вредност и орочени депозити, се со цел диверзификација на портфолиото на девизните резерви и зачувување на уредувањето на валутен одбор ЦББХ ги следи пазарните трендови врз основа на кои носи одлуки за инвестирање“, ни рекоа од оваа институција.
Дали тоа го направил Комитетот за инвестиции или Управниот одбор и дали за тоа е информирано Претседателството на БиХ? Централната банка не одговори на тие прашања.
