Економија, финансии, бизнис

Контакт

Централен регистар ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Централен регистар ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Се пролонгира рокот за поднесување на годишна сметка.

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар меѓу кое и од Комората на сметководители, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка од оваа институција известуваат дека, согласно новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, но и во согласност со член 477 од ЗТД, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за поднесување до 24.03.2020 година.

„До моментов, во Централен регистар поднесени се вкупно 79.903 пресметки, додека минатата година бројката во истиот период, изнесуваше 77.496 пресметки. Вкупната бројка на поднесени годишни пресметки, заклучно со рокот 15.03.2019 година  изнесуваше 88.000“, велат оттаму. 

Иако 95 отсто од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција,  секогаш е спремна да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Слично

Поврзани вести