Централен регистар доби в.д. директор
Откако првиот човек на Централен регистар на Република Македонија Ванчо Костадиновски беше поставен за нов заменик-министер за земјоделие, на негово место е поставен в.д. директор, дознава Фактор.
Според информациите, за в.д. директор на оваа институција е назначен еден од вработените во Централниот регистар.
Минатата недела, Владата распиша оглас со кој бара нов директор за оваа значајна институција. Огласот трае до 25 јули.
Основните услови кои потенцијалните кандидати треба да ги исполнуваат за конкурирање за позицијата директор на Централниот регистар се кандидатот да има најмалку 5 години работно искуство и завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити или завршен VII/1 степен, стои во огласот на Владата.
По завршувањето на рокот за аплицирање, ќе биде спроведена селекција при што е можно со дел од кандидатите кои ќе бидат селектирани да бидат извршени и интервјуа, најавија од Владата.
Слично
