ЦРМ: На Македонија не и треба законот за медиуми
На Македонија не и е потребен закон за медиуми, смета Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) од каде бараат Владата да го повлече предлог-законот.
Од ЦРМ посочуваат дека носење на предлог-законот за медиуми, во предвечерјето на новогодишните празници, без притоа да се земат предвид ставовите и барањата на медиумската заедница која е против вакво законско регулирање на медиумската сфера, будат сомнеж дека намерите на власта не се добронамерни и дека нејзината цел е да ја зголеми контролата врз медиумите и новинарите. Ваквото однесување на власта дополнително ќе ги потврди констатациите на сите релевантни меѓународни организации дека во Македонија сериозно се загрозуваат слободата на изразување и слободата на медиумите.
Во однос на заедничка прес-конференција на Министерството за информатичко општество и администрација и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) која се одржа вчера, а кде беше посочено дека има договор за промени во предложениот закон, од ЦРМ велат дека е проследена со изненадување.
„Сметаме дека какви било разговори и преговори зад затворени врати и надвор од рамките на една сеопфатна јавна и транспарентна расправа, се неприфатливи и штетни за слободата на медиумите во Република Македонија“, додаваат од Центарот.
Слично
