Центар продава паркинг места и деловен просор во гаражата до судовите
Општина Центар објави оглас за продажба на деловен простор и паркинг места во катната гаража „Судска палата“, која се наоѓа веднаш до Основен суд 1.
Деловните простори на приземјето имаат сопствена гардероба и тоалет и се со почетна цена од 1.400 евра за метар квадратен. Деловните простории на првиот кат се организирани во два блока. Во блок 1 просторот има капацитет за три канцеларии, со посебен коридор и два тоалети. Во блок 2 просторот опфаќа пет канцеларии, посебен коридор и два тоалети. Почетната цена за продажба е 1.250 евра за метар квадратен, објави Плусинфо.
Се продаваат и паркинг места во сутеренот.
Продажбата ќе се изврши по пат на јавно наддавање на 25 февруари во 12 часот. Сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица, можат да учествуваат во наддавањето ако уплатат гарантен депозит во висина од 20 отсто од почетната продажна цена на просторот за кој ќе се лицитира.
Слично
