Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ценовни шокови ја „тресат“ Црна Гора

Ценовни шокови ја „тресат“ Црна Гора

Поскапувања ја „тресат“ Црна Гора. Цените во Црна Гора за година дена се зголемени за 13 проценти.

Како што објави Монстат, во декември минатата година во однос на ноември потрошувачките цени биле во просек повисоки за 0,1 отсто. Потрошувачките цени во декември лани, во однос на истиот месец во 2021 година, во просек биле повисоки за 17,2 отсто.

„Најголемо влијание врз месечната стапка на инфлација имаше зголемувањето на цените во групите реална кирија што ја плаќаат станарите за живеалиште, услуги за сместување, млеко, сирење и јајца, зеленчук, апарати, артикли и производи за лична хигиена, одржување и поправка на возила, цврсти горива и месо“, се вели во соопштението на националната статистичка агенција „Монстат.

Инфлацијата во Европската Унија (ЕУ) и во еврозоната во декември успори втор месец по ред, покажуваат објавените податоци на Евростат.  Во еврозоната се намали од 10,1 на 9,2 отсто. И Македонија има инфлација од дваесетина отсто.

Слично

Поврзани вести