ЦЕНОВЕН ШОК: Храната станува се поскапа
Во светот храната станува се поскапа.
Цените на храната нагло пораснаа во септември.
Четврти месец по ред, цените се зголемија на светските пазари, предводени од големото поскапување на растителните масла и житарките, објави денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).
Најмногу поскапеле растителните масла, за шест проценти во споредба со август, достигнувајќи највисоко ниво во осум месеци благодарение на зголемената побарувачка за увоз на палмино масло и пониските резерви во Малезија.
Многу се зголемија и цените на сончогледовото масло, најмногу поради влошените изгледи за принос во регионот на Црното Море.
Цените на житарките се зголемија и за 5,1 процент. Ова е резултат на раст на цените на пченицата поради зголемената побарувачка водена од загриженоста за производството на јужната хемисфера и сушата што негативно влијае на сеидбата на зимската пченица во Европа.
Во споредба со септември лани, цените на житарките сконале за 13,6 проценти.
