Ценовен шок - Европа ќе потроши рекордна сума за енергија
Европа годинава за енергија ќе потроши еден трилион долари, oбјави Блумберг, повикувајќи се на извештај на „Ситигруп“. Toa e рекордна сума.
Гасот и електричната енергија прескапуваат. Цените на природниот гас во Европа во последната година скокнаа за повеќе од 3,5 пати. Како што наведува Блумберг, природниот гас моментално покрива четвртина од енергетските потреби на Европа.
Европа есента доживеа енергетска криза, кога цените на гасот пораснаа на повеќе од 1.000 долари за 1.000 кубни метри. На 21 декември, за првпат во историјата, цената на гасот на европската берза ја надмина границата од 2.000 долари за 1.000 кубни метри.
Слично
