Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените за летување во Грција уриваат рекорди!

Цените за летување во Грција уриваат рекорди!
Грчките туристички работници се обидуваат да ја надоместат ланската лоша сезона. Охрабрени од зголемениот број туристи годинава значително ги зголемуваат цените, иако грчката Влада повикува на умереност. Така, само во јули цените во хотелите се повисоки за 13,5% во однос на лани. „Хотелските цени се еднакви на понудата и побарувачката. Растот на цената просечно расте во врвот на сезоната“, вели претседателот на Сојузот на туристички работници Андреас Андреадис. Грција годинава очекува 21 милион туристи, што е зголемување за 10% во однос на лани, па затоа цените се очекува и дополнително да растат. Од Сојузот потенцираат дека треба да се има на ум оти минатата година како резултат на кризата, цените во Грција забележаа пад од 50%. Особено зголемување на цените има во одредени туристички дестинации, како Миконос и Санторини.
Слично

Поврзани вести