Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените во угостителството скокнаа за 0,1 отсто во август

Цените во угостителството скокнаа за 0,1 отсто во август
Податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, покажуваат дека цените на угостителските услуги во земјава, во август, во споредба со претходниот месец, се зголемиле за 0,1 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата „храна“ за 0,2 отсто, додека во групата „алкохолни пијалаци“ е забележано намалување за 0,1 отсто. Индексот на цените на угостителските услуги во август оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2,1 отсто. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- август оваа година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,2 отсто, додека во однос на декември лани е зголемен за еден отсто.
Слично

Поврзани вести