Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИТЕ ПОВТОРНО ОДАТ ДО „ПЛАФОН“? ММФ ги повика владите да ја зачуваат стабилноста во услови на глобална неизвесност

ЦЕНИТЕ ПОВТОРНО ОДАТ ДО „ПЛАФОН“?  ММФ ги повика владите да ја зачуваат стабилноста во услови на глобална неизвесност

Новиот директор за стратегија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристијан Мамсен, денес ги повика владите ширум светот да го одржат кредибилитетот на фискалните и монетарните политики со цел да се зачува ценовната стабилност во период на зголемени економски ризици.

Мамсен предупреди дека глобалната економија се соочува со голема неизвесност поради низа шокови во последните години, вклучувајќи ја пандемијата на коронавирус, кризата со трошоците за живот, трговските тензии и војните во Украина и на Блискиот Исток.

„Глобалната економија покажа извонредна отпорност, но обемот на промените што се случуваат создава исклучително високо ниво на неизвесност, па затоа треба да бидеме подготвени за неочекуваното “, рече Мамсен на настан на Атлантскиот совет.

Тој посочи дека владите мора да водат посебна грижа за здравите јавни финансии, нивото на долг, инфлацијата , вработеноста и економскиот раст.

Според него, стабилноста на цените би можела повторно да биде загрозена поради честите прекини во синџирите на снабдување.

Акцент на развојот на технологијата

Директорот за стратегија на Фондот оцени дека земјите треба да ја зајакнат отпорноста на своите економии на надворешни шокови и геополитички тензии, а посебно внимание посвети на брзиот развој на новите технологии, особено вештачката интелигенција и дигиталните финансии.

Мамсен, исто така, предупреди дека големи структурни промени и нова технолошка револуција се случуваат истовремено со слабеењето на меѓународната соработка, што го отежнува координираниот одговор на големите глобални предизвици.

Блиц.рс



Слично

Поврзани вести