ЦЕНИТЕ ПАДНАА: Еве колку ќе плаќате за бензини и дизел неделава
Од ноќеска на полноќ возачите почнаа да ги полнат резервоарите со горива по цени поевтини за половина денари и еден денар.
За да ви биде појасно, тоа значи дека бензините забележаа пад во цената од половина денари, и во следните денови ќе се точат за 67,50 денари за литар Еуросупер БС-95 , и 69,50 денари за литар возачите ќе плаќаат за Еуросупер БС 98 .
За еден денар поевтино од претходните седум дена, возачите ќе ги полнат возилата со дизел, или тој за литар ќе се продава 60 денари.
Одлуката ја донесе регулаторната комисија на Македонија.
Слично
