Цените на златото урнаа нов рекорд
Европските берзански индекси денеска се во најголем пораст, а цените на златото достигнаа нова рекордна вредност од околу 3.650 долари за унца, врз основа на очекувањата дека Федералните резерви на САД значително ќе ги намалат каматните стапки до крајот на годината.
Францускиот премиер Франсоа Бајру и неговата центристичка малцинска влада ја загубија довербата на вчерашното парламентарно гласање, но оваа ситуација беше очекувана и не ги наруши значително европските пазари, објавува CNN.
Денес во 10:15 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,34 проценти на 23.742,20 поени, додека францускиот CAC 40 порасна за 0,27 проценти на 7.756,11 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,12 проценти на 9.231,95 поени, московскиот MOEX за 0,44 проценти на 2.934,37 поени.
foto freepik.com
