Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на златото достигнаа 4.500 долари, среброто и платината исто се на рекордни нивоа

Цените на златото достигнаа 4.500 долари, среброто и платината исто се на рекордни нивоа

Златото денеска ја надмина цената од 4.500 долари за унца за прв пат во историјата, додека среброто и платината исто така достигнаа рекордни максимуми. Ова го продолжи трендот на инвестирање во скапоцени метали, поради геополитичките и трговските превирања, како и очекувањата дека Американските федерални резерви ќе ги намалат каматните стапки во новата година.

Спот цената на златото беше повисока за 0,2 проценти, на 4.495,39 долари за тројанска унца (31,1 грама), откако претходно во текот на денот достигна рекордни 4.525,19 долари. Фјучерсите за испорака во февруари пораснаа за 0,4 проценти, на исто така рекордни 4.522,10 долари.

Среброто порасна за 1,1 процент на 72,16 долари за унца денеска, откако претходно во текот на денот достигна рекорден максимум од 72,70 долари. Платината скокна за 2,5 проценти на 2.333,80 долари откако достигна максимум од 2.377,50 долари. Паладиумот, исто така, порасна за речиси 3 проценти на 1.916,69 долари за унца, што е највисока цена во последните три години, пренесува Bankar.me.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести