Цените на угостителските услуги повторно се зголемени
Цените на угостителските услуги во август 2025 година во однос на истиот месец лани се зголемени за 4,9 отсто. Цените на угостителските услуги во август 2025 година се зголемени за 0.1 отсто во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика(ДЗС).
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – август 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5,3 отсто, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1,8 отсто.
Цените на храната во угостителските објекти во август 2025 година во однос на август 2024 година се повисоки за 7,8 отсто, на алкохолните пијалоци за 9,4 отсто и на безалкохолните пијалоци за 6,2 отсто. Цените за ноќевања во истиот месец се намалени за 6,6 отсто.
Цените во угостителството, по групи, во август 2025 година во однос на јули 2025 година се зголемени кај групата Алкохолни пијалаци за 1,3 отсто и групата Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто, додека кај групите Храна и Ноќевања не се забележани промени.
foto freepik.com
