Цените на угостителските услуги исти со октомври и повисоки од лани
Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2016 година, во споредба со октомври 2016 година, остана на исто ниво.
Ова е во согласност со податоците објавени денеска во соопштение на Државниот завод за статистика.
Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - ноември 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година, е зголемен за 0.2%.
Слично
