Цените на суровата нафта се намалија за два проценти - што ќе направи ОПЕК?
Цените на суровата нафта се намалија за два проценти, бидејќи ОПЕК може да се откаже од зголемување на производството.
Цените на американската сурова нафта WTI денеска паднаа за два проценти, на под 67 долари за барел, што е реакција на пазарот на веста дека Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC plus) би можела да го суспендира планираното зголемување на производството почнувајќи од октомври.
Иако разговорите за тоа уште се во рана фаза, овој потег укажува на страв од потенцијална прекумерна понуда на пазарот кога ќе се намали врвот на летната побарувачка, објави Trading Economics.
Инвеститорите, исто така, го проценуваа поширокото влијание на трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, која ги вклучува новопотврдените тарифи од 50 проценти за увоз на бакар и стоки од Бразил, кои треба да стапат на сила на 1 август.
Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека е подготвен да воведе реципрочни царини за американската стока ако САД воведат царини за Бразил, пишува Би-Би-Си.
foto freepik.com
