Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на становите пониски!

Цените на становите пониски!
Минатата година становите во земјава се продавале по пониска цена за разлика од претходната 2012-та година.Според Публикацијата за Градежништво изработена од Државниот завод за стастика, лани метар квадратен се продавал за 6,2 отсто поевтино од 2012-та година. Во апсулутна бројка просечната цена на становите лани била 761 евро за метар квадратен. Статистичките податоци покажуваат дека од 2009 година кога просечната цена за метар квадратен била 839 евра во годините потоа цената се намалува. Единствено пораст е забележан во 2010 година кога метар квадратен изнесувал 847 евра. Лани во споредба со 2012 година, статистиката регистрирала  пад на трошоците за материјали од 2,5 отсто, но постои зголемување на трошоците за вработени од 17,7 отсто. Највисоки се трошоците гориво, материјали за врзување, за излоација, материјали за армирање. Но и покрај падот на просечната продажна цена, трендот на изградба на нови станови се зголемува. Така ако во 2009 година 4.710 станови, лани оваа бројка е зголемена на 6.528 новоизградени станови. Пораст е регистриран речиси во изградбата кај сите квадратури, еднособни, двособни, трособни,четврособни и повеќесобни станови. Податоците покажуваат дека во последниве пет години се намалува бројката на неизградени станови. Во 2009 година бројот на неизградени станови изнесува 5.365, додека лани оваа бројка е намалена на 4.876 станови. По региони лани најмногу се градело во скопскиот регион каде бројот на изградени станови изнесува 3.070, потоа следува пелагонискиот, вардарскиот и полошкиот регион. Најмалку извршени градежни работи има во источниот, југоисточниот и североисточниот регион од земјава. Помалку деловни згради и хотели, а повеќе објекти наменети за трговија Вкупниот број на изградени градежни објекти во високоградбата изнесува 96 објекти, за разлика од претходната 2012 година кога имало 137 градежни објекти. Но вредноста на извршените градежни работи лани во споредба со 2012 година бележи пораст од 3,5 отсто и изнесувала 65.534.829 евра. Минамален пораст има кај изградбата на станбени згради, од кои најмногу се граделе зградеи со три и повеќе станови. Лани но и претходната година не се изградил ниту еден хотел, помалку се граделе деловни згарди, но повеќе згради наменети за трговија на мало и големо. Регистраран е минимален пад на изградбата на гаражи  и згради за разонода на публика,образование или згради за институционална грижа. Намалена изградбата на патишта и улици Според статистичките податоци вкупниот број на градежни работи во нискоградбата лани во споредба со 2012 –та година бележи благ пораст и изнесува 366. Вкупната вредност на градежните работи во нискоградбата минатата година изнесувала 137.444.390 евра, што е повеќе од 2012-та година.Статистиката во истиот споредбен период регистрирала намалување на изградбатана автопати, улици, сообраќајници,мостови,надвозници. Сепак според бројките, изградени се повеќе автопати а помалку улици и патишта. Во последните две години воопшто нема градежни работи во железничкиот и авионскиот сообраќај. Минатата година зголемување бележи вредноста на извршените градежни работи во странство, и тоа најголема е вредноста на договорите со Босна и Херцеговина, потоа следуваат Германија, Италија, Индија, Холандија. Ј.С
Слично

Поврзани вести