Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИТЕ НА ПИЦАТА ВО ЕУ: Каде е поевтина, а каде поскапа?

ЦЕНИТЕ НА ПИЦАТА ВО ЕУ: Каде е поевтина, а каде поскапа?

Според податоците на Евростат, Хрватска забележа најголем пораст на цената на пицата меѓу европските земји во претходната година.

Во периодот од август 2024 до август 2025 година, просечната цена на пицата во Хрватска се зголемила за 7,2 проценти.

Веднаш зад Хрватска е Латвија со зголемување од 6,6 проценти, а во Унгарија, Грција и Романија цените се зголемиле помеѓу 5 и 5,3 проценти.

Во повеќето земји-членки на Европската Унија, цените се зголемиле малку, а просекот на ЕУ е 1 процент.

Но, пицата поевтинила во неколку западноевропски земји. Најголемо намалување на цените е забележано во Луксембург со -2,9 проценти, по што следат Данска со -2,4 проценти и Ирска со -1,8 проценти.

Слично

Поврзани вести