ЦЕНИТЕ НА ПЧЕНИЦАТА НАГЛО СКОКНАА - рускиот напад ги прегреа берзите
Цените на пченицата драстично пораснаа на светските пазари по рускиот напад врз Украина, што ги одразува стравувањата од прекини во снабдувањето од два големи светски извозници.
Цената на бушел пченица (35,24 литри) се зголеми за повеќе од пет отсто, на 935 американски центи (9,35 долари), приближувајќи се на највисокото ниво од 2012 година. На тргувањето утринава на берзата во Чикаго (COBT) цената порасна за максимално дозволени 50 центи, изјави Карстен Фрич од Комерцбанк.
Русија е најголемиот извозник на пченица во светот, а заедно со Украина држи 29 отсто од светскиот извозен пазар.
Слично
