Цените на нафтата во благ пораст, еве колку чини барелот утринава
Цената на нафтата од утрово е во благ пораст. На лондонскиот пазар вредноста на барелот е 93 долари, што е зголемување во однос на вчерашниот ден кога цената беше 91 долар.
Биткоин
Пазарот на криптовалути од утрово е во зелено. Вредноста на биткоинот е 22.394 долари, што е зголемување за речиси 3 отсто. Другите криптовалути се исто така во минус.
ОПЕК + го намалува производството на нафта во октомври, што ја предизвика оваа одлука?
ОПЕК +, групата на големи производители на нафта, одлучи да го намали производството на нафта во октомври за прв пат по повеќе од една година за 100.000 барели дневно поради стравувањата од глобална рецесија и повеќе иранска нафта што ќе дојде на пазарот во случај на заживување на разговорите за нуклеарната програма на таа земја, пишува списанието „Недеља“ на Националниот нафтен комитет на Србија.
Американскиот весник „Волстрит журнал“ посочува дека ваквиот потег покажува дека загриженоста за економското забавување доминира на светскиот пазар на нафта, кој во последните три месеци забележа пад од 25 отсто на цената на „црното злато“ од типот брент.
Стравот од недостиг на нафта по руската инвазија на Украина ги доведе цените над 100 долари за барел со месеци оваа година, но неодамнешниот пад на побарувачката на пазарот ги натера ОПЕК и сојузниците предводени од Москва да се согласат да го намалат производството на дневна основа.
Суровата нафта брент и WTI првично поскапеа по состанокот на ОПЕК +, но цените паднаа подоцна во текот на денот.
Во изјавата што ја придружуваше одлуката, ОПЕК + нагласи дека ќе реагира доколку цените повторно паднат.
Овој потег стави крај на 18-месечниот период на зголемено производство на нафта од земјите на ОПЕК + по драматичното намалување за време на пандемијата на коронавирусот кога побарувачката падна.