Цените на нафтата се на највисоко ниво за овие три недели
Цената на нафтата се искачи на 112 долари за барел.
Цената на брент порасна за 0,28 отсто на 112 долари за барел, а американската нафта ВТИ поскапе за четвртина процент и се тргува на ниво од 107,2 долари за барел. Ова го покажуваат најновите податоци на порталот oilprice.com. .
Прекинот на испораките од Либија и предупредувањето од Русија за потенцијалниот рекорден пораст на цените ако повеќе држави го забранат увозот на нејзините извори на енергија ги вознемири купувачите. Ова доведе до скок на цените. Цените на нафтата утринава се искачија на речиси тринеделни максимални нивоа.
Слично
