Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на нафтата повторно одат надолу

Цените на нафтата повторно одат надолу

Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари денеска под нивото од 46 долари.

Ова е под притисокот на очекувањата дека новите податоци ќе покажат раст на резервите во САД. 

На лондонскиот пазар цената на барелот сирова нафта падна за 50 центи во однос на тргувањето во понеделникот и изнесуваше 45,45 долари. На американскиот пазар, со барелот се тргуваше по 44 цени пониска цена, од 42,86 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска објави дека цената на барелот референтна кошница нејзина нафта во понеделникот изнесувала 42,09 долари, што значи дека пораснала 35 центи во однос на претходниот трговски ден. 

На цените на нафтата влијаеше и изјавата на министерот за нафта на Венецуела, Еулогио Дел Пино дека глобалната понуда на нафта од 94 милиони барели дневно треба да се намали за десетина за да биде во согласност со потрошувачката. 

Членките на ОПЕК следната недела ќе се сретнат во Алжир, што на пазарот на нафтата ги поткрепува надежите дека би можеле да постигнат договор за замрзнување на нивото на производството. Алжирскиот министер за енергетика, Нуредин Бутерфа, изјави дека е оптимист за договорот на учесниците за мерките за поддршка на нафтениот пазар.



Слично

Поврзани вести