Цените на нафтата паѓаат
Запре растот на цената на нафтата.
Фјучерсите на европската сурова нафта брент се намалија за 23 центи, или 0,2 отсто, на 96,08 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI поевтини за 28 центи, или 0,3 отсто, на 90,22 долари за барел, пренесува Ројтерс.
Аналитичарите анкетирани од Ројтерс очекуваа залихите на сурова нафта да пораснат за најмалку 100.000 барели.
Вчера откако Украина го запре транзитот за јужна Европа, цената на нафтата скокна за еден долар.
Слично
