Цените на нафтата денеска се за неколку долари пониски
Се намалија цените на нафтата. На лондонската берза барел се тргуваше за 109.22 долари. На американските берзи, цената беше 104.41 долар. Цените се за неколку долари пониски од вчера.
Претходно, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за растот на светската економија и предупредувањето дека инфлацијата претставува „непосредна закана“ по многу земји.
Вчера цените на нафтата беа највисоки за период од три седмици.
Слично
