Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на нафтата бележат двегодишен рекорд

Цените на нафтата бележат двегодишен рекорд

Цените на нафтата се на највисоко ниво во последниве две години. 

На лондонскиот пазар цената на барелот скокна  за 3,2 проценти минатата недела, на 71,89 долари, а во еден момент во петокот, за прв пат од мај 2019 година, се искачи над  72 долари. На американскиот пазар, цената на барелот се зголеми скоро 5 проценти, на 69,62 долари, близу до највисокото ниво од октомври 2018 година. Растот на цените на нафтата на највисоки нивоа во повеќе од две години е благодарение на податоците кои покажуваат дека најголемите светски економии стабилно закрепнуваат од корона-кризата. Се очекува побарувачката да расте. 

Слично

Поврзани вести