Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на индустриските производи повисоки на месечно, а пониски на годишно ниво

Цените на индустриските производи повисоки на месечно, а пониски на годишно ниво

Во октомври 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0.7% на месечно ниво, а се пониски за 0.4% на 
годишно ниво. 

Во октомври 2016, во споредба со септември годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот рударство и вадење на камен за 2.5%, а во секторот  преработувачка индустрија за 0.5%, се наведува во извештај на  Државниот завод за статистика.  Во октомври 2016 година, во споредба со октомври лани, продажните цени на производителите на индустриски  производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 1.2%, а во секторот  преработувачка индустрија за 0.3%.

Слично

Поврзани вести