Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА СЕ НАМАЛУВААТ ПО ПОЛНОЌ - дизелот поевтинува за 2,5 денари

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА СЕ НАМАЛУВААТ ПО ПОЛНОЌ - дизелот поевтинува за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати кои ќе почнат да се применуваат по полноќ вечерва. 

Согласно новата одлука, горивата ќе се продаваат по цени кои се во просек за 2,73 проценти пониски во однос на претходната одлука донесена на 6 април.

Новите цени на горвата се следниве: 

- Еуросупер БС - 95 ќе се продава по цена од 82 денари за литар

- Еуросупер БС – 98 ќе чини 84 денари за литар

- Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава по цена од 95,50 денари за литар

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 96,50 денари за литар

- Мазут М-1 НС ќе се продава по 49,227 денари за килограм.

Како што е посочено во објавата на РКЕ, Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 бележат пад од 1,5 денар по литар. Позначително намалување има кај дизел горивото. Цената на Еуродизелот паѓа за 2,5 денари. Најголемо поевтинување е регистрирано кај екстра лесното масло за домаќинство кое се намалува за 3,5 денари, а се намалува и цената на мазутот за 2,084 денари.

Од РКЕ појаснуваат дека ваквата корекција се должи на падот на референтните цени на сите деривати на светските берзи, но и на благото намалување на курсот на денарот во однос на доларот. 

Регулаторот исто така потсетува дека ова се максимално дозволени цени и дека трговците на мало можат да ги формираат своите цени и под овие утврдени лимити.


Слично

Поврзани вести