Цените на бензинот остануваат исти
И во следните 14 дена остануваат исти цените на нафтените деривати - ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС - 98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС - 95 изнесува 78,00 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС - 98 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д - ЕV) изнесува 66,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит и во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.03.2014 година и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М - 1 НС се намалува за 0,118 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 24.03.2014 година и со тоа цената на М - 1 НС изнесува 40,077 ден/кг.
Цената на нафтата на светските берзи во изминатиот период се намалила, но не доволно за тоа да се почувствува на цените на сите нафтени деривати во Македонија, одлучија регулаторите.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 105,940 $/барел и е за 1,28% пониска од просечната цена на сурова нафта (107,315$/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Слично
