Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на бакарот скокнаа на највисоко ниво

Цените на бакарот скокнаа на највисоко ниво

Цените на бакарот во Соединетите Американски Држави(САД) се искачија на 5,5 долари за фунта (2,12 евра за килограм), што е највисоко во последните пет месеци.

Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за царини за увоз на бакар, ја зголеми цената на овој метал на рекордно високо ниво од 5,8 долари за фунта, објави „Трејдинг економикс“.

Претседателот на САД ги преиспита претходните ветувања за царините за клучните индустриски метали и вети дека ќе воведе царини за бакар од стоков квалитет до следната година.

Ваквите мерки би биле додадени на сегашните тарифи од 50 проценти за полупроизводи од бакар. Намаленото производство во рудниците, исто така, влијаеше на растот овој месец.

Забележливо е дека рудникот Грасберг на компанијата Фрипорт-МекМоран во Индонезија, кој обезбедува три проценти од светската понуда, престана да работи по фаталниот инцидент. Од друга страна, производството во Чиле и Перу е побавно поради протестите.

Следствено, чилеанската државна рударска компанија Коделко им понуди рекордно високи цени на кинеските купувачи.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести