Цените на акциите на Гугл паднаа за 1,5%, а на Мајкрософт за 11 %
Најголеми губитници во С & П 500 технолошкиот индекс беа Гугл и Мајкрософт бидејќи пријавија полоши квартални финансиски резултати отколку што се очекуваше. Цената на акциите на Мајкрософт паднаа за повеќе од 11 проценти, а на Гугл за 1,5 проценти.
Дау Џонс ослабе од 5 поени или 0,03 отсто на 15.543 поени, а Насдак индексот 0,66 проценти до 3587 поени. С & П 500 се зголеми за 0,16 проценти до 1692 поени. Ова го предизвикаа разочарувачките резултати на технолошките компании.
Зголемувањето на С & П 500 индексот е благодарение на неочекуваните квартални финансиски резултати на индустриски гигант Џенерал Електрiкс и нафтената компанија Шлумберже. Цената на акциите на ЏЕ се зголемија за 4,6 а на Шлумберже 5,4 проценти.
Слично
