Цените им се зголемија за повеќе од 160 проценти за пет години: Населението преживува, а не живее
Жителите на Босна и Херцеговина(БиХ) речиси секој ден се соочуваат со зголемување на трошоците за живот, додека платите и пензиите стагнираат. Потрошувачката кошничка во август 2025 година надмина 3.200 конвертибилни марки, а многу граѓани преживуваат.
Според податоците на Статистичката агенција на БиХ, во последните пет години цените на основните прехранбени производи и хигиенски производи се зголемиле од 40 на дури 160 проценти.
Најголем раст е забележан кај влошките - дури 162,5 проценти, и меленото кафе поскапе за 120 проценти. Цените на основните прехранбени производи исто така драстично се зголемија:
Ориз од 3,1 КМ на 4,6 КМ (+48 отсто)
Леб од 2,3 КМ на 3,8 КМ (+65 отсто)
Брашно од 1,0 КМ на 1,5 КМ (+50 отсто)
Говедско од 13,2 КМ на 25,3 КМ (+91 отсто)
Млеко од 1,4 КМ на 2,2 КМ (+50 отсто)
Дури и основните хигиенски производи се значително поскапи - шампонот сега чини 12,2 конвертибилни марки за литар, а пастата за заби 4 конвертибилни марки.
Додека цените растат, многу граѓани живеат на работ на егзистенцијата. Според Обединетите нации, 17 проценти од населението на БиХ живее во екстремна сиромаштија, со дневен приход од само 3 до 5 конвертибилни марки, пренесува 6yka.
Околу 600.000 луѓе живеат на работ на сиромаштијата, а дури 4 проценти од населението е во екстремен ризик од целосна сиромаштија.
foto freepik.com
