ЦЕНИ НА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ: Има ли поскапување во јануари?
Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2017 година, во споредба со декември 2016 година, остана на исто ниво.
Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%, се гледа од податоците на Државниот завод за статистика.
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година е зголемен за 0.2%.
Слично
